spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингАрс Луцида: Basics of energy work Masterclass

Арс Луцида: Basics of energy work Masterclass

Сѐ што постои е направено од енергија и е подложно на нејзините закони и принципи. Доколку разбереме како енергијата функционира, ќе ги разбереме механизмите според кои нештата се случуваат и со тоа подобро ќе го управуваме сопствениот живот.
Животните предизвици како што се стрес, страв, тага, осаменост, расправии и слично, влијаат на енергијата во нашата аура и ја прават замаглена, дисбалансирана и полна со дупки и сива енергија. Долгорочно, ова се одразува како болка, непријатност, физички и психолошки состојби. Бидејќи физичкото и енергетското тело се нераскинливо поврзани, она што влијае на едното, влијае и на другото.

Доколку би имале алатка за да ја промените, исчистите и регенерирате сопствената аура и енергија сигурно би ја примениле, нели?

Basics of Еnergy Work е високо развиен и моќен систем за енергетска работа.

Oвој систем ја користи животната витална енергија за да се балансираат, хармонизираат и трансформираат енергетските процеси во телото. Таа витална сила го одржува телото живо и во состојба на здравје. Секое битие има способност да се обновува на сите нивоа и овој процес се забрзува со зголемување на количеството на животна енергија која се користи да се коригираат физичките и емоционалните дисбаланси.

Basics of Еnergy Work ве учи на превентива, а потоа на користење на енергијата за исцелување.

Во него ќе учите за:

  • енергетската анатомија, чакрите, енергетските канали, аурата и како тие влијаат на физичкото и психолошкото здравје
  • физичката анатомија и поврзаноста со енергетската анатомија
  • техники и методи за чувствување и користење на енергијата
  • начини за решавање на одредени состојби
  • себе и сопствената личност и тн.

Во овој дводневен мастер час ќе совладате еден разбирлив систем на енергетска медицина со кој ќе го подобрите квалитетот на нашите животи.

Семинарот е дизајниран на практикантите да им даде целовити основни знаења од областа на енергетското исцелување и други Езотериски науки.

Ви посакуваме добредојде во суптилниот свет на енергијата!

Важни ниформации:
Достапни термини за дводневниот курс:

  • 20-21.02.2021
  • 08-09.05.2021
  • 10-11.07.2021
  • 11-12.09.2021
  • 06-07.11.2021

Се одржува за викенти сабота и недела  од 10 часот до 18 часот и двата дена со кратки паузи.
Местото го резервирате со уплата, НАЈДОЦНА 5 дена пред почеток на курсот.

Опционо можете да го следите и онлајн

Мастер предавач: Елена Антоновска

https://www.arslucida.mk/mk/elena-antonovska/

Kурсот ќе се спорведува согласно новите протоколи кои произлегуваат од „Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот“

Протоколот е достапен тука: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/covid/protokol_za_organizacija_na_rabotni_sostanoci_obuki_kursevi_i_seminari.pdf

Поради овие мерки бројот на места ќе биде ограничен за наша и ваша безбедност.

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...