spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна

АХВ: Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна

Еволуцијата во контекст на производството, трговијата и консумацијата на храна го предизвикуваат начинот на управување со ризиците по однос на безбедноста на храната и достапноста на безбедна храна за сите. Неопходно е дејствување во сите фази на синџирот на исхрана со системски пристап заради заштита на здравјето на луѓето, животната средина, економиите и културите. Безбедноста на храната е испреплетена во сите компоненти на одржливите системи за безбедност на храна и тоа е прашање што бара акција и соработка помеѓу различни сектори, групи на засегнати страни и земји.

Различните фактори, вклучително и неправилната употреба на технологиите во производството на храна од животинско и растително потекло, комплексноста на меѓународната трговија со храна, како и промената на климата, претставуваат нови ризици од појава на болести. Со цел разбирање и намалување на ризиците по однос на безбедност на храната, потребно е да се воспостават превентивни мерки и соодветни механизми за одговор. Ова бара темелно испитување на врските помеѓу здравјето на луѓето, животните и растенијата. Примери за системска перспектива во однос на безбедноста на храната се и пристапот „Едно здравје“ насочен кон минимизирање на антимикробната резистентност и решавање на зоонозите, или пристапот од Фарма до вилушка за подобрување на одржливото производство и дистрибуција на безбедна и нутритивна храна и минимизирање на загубите на храна и отпадот.

Справување со ризиците по однос на безбедност на храната е континуиран процес на прилагодување и подобрување дури и за време на кризни ситуации, како што е забележано за време на пандемијата КОВИД-19. Во таа насока, во пресрет на Светскиот ден за безбедност на храната 2021 година, Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија во соработка со Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, организираат заеднички настан (вебинар) на тема:

Безбедност на храна во контекст на одржливи системи за храна: Moving Forward for a Healthy Tomorrow in Europe and Central Asia

Настанот ќе се одржи на виртуелно, преку zoom, на 7 јуни 2021 година, од 11.00 до 12.30h.

Состанокот ќе биде насочен кон сите учесници во синџирот на исхрана, особено креаторите на политики за безбедност на храна во земјите членки во регионот, како и производители на храна, невладини организации, технички агенции и групи потрошувачи.

Дел од настанот ќе биде и  Панел дискусија на која учество ќе земат 5 експерти од областа на безбедност на храната кои ќе ги дадат своите согледувања во однос на перспективата на националните органи за контрола на безбедноста на храната и конкретно ќе дадат примери за соработка со други органи или институции за спречување и минимизирање на ризиците по однос на безбедност на храната со системски пристап.

Повеќе информации за настанот може да се најдат на следниот линк: http://newsletters.fao.org/c/1192G5CswXp3QAiTjeupDKSCz.

За сите дополнители информации, како и регистрација на вебинарот обратете се на следната e-mail адреса: kjonovska@fva.gov.mk.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...