spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

АМС: Одбележување 100 години од животот и делото на Блаже Конески

-Осма година по ред доделуваме награди за најдобрите млади поети и уметници, а за прв пат оваа година надворешна комисија одлучи и награди најдобри млади музички уметници, како дел од проектите за млади, истакна директорот на АМС Наумче Мојсовски. Тој додаде дека темата на Конкурсот „100 години од животот и делото на Блаже Конески” ја зголемува важноста и вредноста на сите творби.

-Ова се мали моменти кои во иднина ќе станат белег на Агенцијата за млади и спорт. Честитки за сите наградени со надеж дека сите тие ќе бидат мотив за сите млади да продолжат да творат, потенцираше Ѓорѓи Тасев, Советник за млади во Владата.

Претседателот на Комисијата за избор, Христо Петревски истакна дека победничкиот поход карактеристичен за спортистите беше двигател во брзината и квалитетот на целокупниот процес на припрема и реализација на Проектите за млади таленти, кај кои изостануваше песимизам и дневно политички теми, а изобилуваше со квалитет и желба за творење. Чест и задоволство е да се видат млади лица кои секој на свој начин даде свој придонес во одбележување на 100 годишнината на ликот и делото на Блаже Конески.

Доделени се вкупно 14 награди во три категории и тоа:

„Млади уметници”во категорија од 15 до 20 години

За најдобро авторско дело во дисциплина Сликарство се наградува Душан Цветков, со делото под наслов „Блаже Конески“,

За најдобро авторско дело во дисциплина ФОТОГРАФИЈА се наградува Kaja Тасевска со делото „Родната куќа на великанецот“,

За најдобро авторско дело во дисциплина АНИМИРАН ФИЛМ се наградува Никола Димов.

Во категорија од 21 до 29 години

За најдобро авторско дело во дисциплина СЛИИКАРСТВО се наградува Арбина Емини,

За најдобро авторско дело во дисциплина ГРАФИКА се наградува Ана Трајкпвска,

За најдобро авторско дело во дисциплина ФОТОГРАФИЈА се наградува Ирина Крстевска, со делото под наслов „Духот на тешкото“.

 

„Млади музички уметници“

За најдобро авторски дела во дисциплина КЛАСИЧНА МУЗИІКА се наградува Филип Иванов

За најдобро авторско дело во дисциплина ПОПУЛАРНА МУЗИКА се наградуваат Стефанија Александар Ристовска и Стефан Дуковски со делото „ Да не беше тој “

„Млади поети“
Во категорија од 15 до 20 години
За прво наградена творба е творбата со наслов „Наслутување“ од Александар Анѓелковиќ,
За второ наградена творба е творбата со наслов „Во ноќта на небесата светната твојот поглед го барам“ од Андреј Анѓеловиќ,
За трето наградена творба е творбата со наслов „Ka kohë (Има Време)“од Хава Куртиши,
Во категорија од 21 до 29 години
За Прво наградена творба е творбата со наслов „Бурата која нема глас“ од Никола Наумовски,
За Второ наградена творба е творбата со наслов „Вдомување“од Радица Стојановска,
За Трето наградена творба е творбата Без наслов од Дона Заревска.

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...