Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на настанот „Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации“ кажа дека граѓанскиот сектор кога беше најпотребно и во најтешките моменти за државата се постави како брана на авторитаризмот и беше клучниот фактор кој се бореше за демократизација на државата. Маричиќ ја потенцираше улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор.
-Во изминатите 7-8 месеци откако сум во Министерствoто за правда, немало промена на закон без вклученост на претставници на граѓанскиот сектор, а особено сум среќен поради грантовите за граѓанските организации – даватели на примарна бесплатна правна помош, бидејќи заштитата на човековите права е јавен интерес и заслужува институционална поддршка, потенцираше Маричиќ.
Извор: Министерство за правда