spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Средба со фудбалерите на Охрид

Охрид: Средба со фудбалерите на Охрид

На покана на градоначалникот Константин Георгиески се одржа средба со членовите на управата и фудбалерите на ГФК Охрид. На средбата градоначалникот изрази голема благодарност и честитки за успешната сезона на клубот и ги увери дека поддршката на Локалната самоуправа нема да изостане и во наредната сезона.

Претседателот на клубот, Љупчо Грданоски, од лично име и од име на сите кои се дел од клубот се заблагодари за личната поддршка на градоначалникот и за поддршката што општина Охрид ја дава за непречено функционирање на градскиот клуб.

Во знак на благодарност капитените на клубот на градоначалникот му подарија дрес и благодарница.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...