spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Интензивни градежни активности на улицата Јане Сандански

Охрид: Интензивни градежни активности на улицата Јане Сандански

Интензивно се одвиваат градежните работи за реконструкција на улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“.

Во моментот се работи на изведба на нова главна водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри и паралелно се работи на нови приклучоци на домаќинствата.

Истовремено екипите на ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид изведуваат градежни активности за поставување на нова фекална канализација во должина од 400 метри со димензии Ф300.

По завршување на градежните активности за поставување на подземната инфраструктура ќе започнат градежни активности за реконструкција на коловозот и уредување на пешачките и велосипедските патеки.

Бидејќи се работи за сложени работни активности, можни се повремени прекини во водоснабдувањето и отежнато одвивање на сообраќајот. Поради тоа, Општина Охрид уште еднаш упатува апел до жителите на улицата и граѓаните за поголемо трпение и поддршка во текот на реализацијата на овој значаен проект.

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

НУ Кинотека Македонија:

0
Почитиувани, Ви ја претставуваме конечната 8-дневна програма на овогодинешниот 15ти Фестивал на планински филм Ехо.Ден 1 **********18 октомври 2024, петокДом на АРМ20:00Отворање на Ехо...