Центар: Втора фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

ОпштиниЦентар: Втора фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Општина Центар ја започнува втората фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“.

 

Поради градежните работи кои ќе се изведуваат во втората фаза, се предвидува затворање на улицата „Орце Николов“ од раскрсницата со улица „Ленинова“ (Аминта 3-ти), до раскрсницата со улицата „Наум Наумовски Борче“.

Во оваа фаза, улицата „Ленинова“ (Аминта 3-ти), останува двонасочна како и досега, а на останатите улици се задржува постојниот режим на сообраќај. Втората фаза од реконструкцијата предвидува целосно затворање на улиците „8-ми Март“ и „Коле Неделковски“ поради слеп завршеток и немање можност за обезбедување пристап од друга страна.

Целосната реконструкција на „Орце Николов“ е поделена во шест посебни фази, од кои секоја опфаќа посебен дел од улицата. Реконструкцијата на улицата ќе го опфати целиот потег кој е под надлежност на Општина Центар, од раскрсницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ до раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“.

Целиот зафат на „Орце Николов“ ќе опфати површина од вкупно 7.182 метри квадратни и ќе чини ќе чини 64.847.608,47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img