spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Водоснабдувањето без поголеми прекини

Гевгелија: Водоснабдувањето без поголеми прекини

Членовите на Советот на Општина Гевгелија, на последната 62 седница, констатираа дека водоснабдувањето во општина Гевгелија е редовно и стабилно, согласно извештајот доставен од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.

– Заклучно, до првата половина на месец мај, 2021 година, резултатите од редовните контроли кои ги врши вработен технолог и испитувањето за исправноста на водата за кое е надлежно Институтот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, како во градот, така и во населените места, граѓаните на општина Гевгелија користат здрава и чиста вода за пиење. Третирањето на водата е со натриум хлорид или со хлор во гасовита состојба, согласно здравствените стандарди.

ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија покрај градот Гевгелија и населените места во Општина Гевгелија, освен: Петрово, Габрово, Кованец, Горничет, Конско, Хума, Семенин и Смрдлива Вода кои се снабдуваат од сопствени водоснабдителни системи, со вода ги снабдува и две населени места од општина Богданци: Стојаково и Селемлија.

Во поголемиот дел од населените места, водоснабдувањето е редовно и без поголеми прекини, освен во периодите кога се отстрануваат дефекти на водоводната мрежа, се вршат интервенции на водоводните линии или се приклучуваат нови корисници. Во текот на летниот период, најчесто во јули, август и септември, количините на вода се надополнуваат со бушотини со потопни пумпи, информираше директорот на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, Златко Зумров.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте