spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Зголемена бројката за 10 лица кои се на третман за зависност...

Гевгелија: Зголемена бројката за 10 лица кои се на третман за зависност од опојни дроги

Според извештајот доставен од Општата болница со проширена дејност- Гевгелија за состојбата со употреба на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општина Гевгелија, кој беше разгледуван на 62 седница на Советот на Општина Гевгелија, во моментот, во Центарот за превенција и третман на зависноти од опојни дроги се третираат 64 лица. Од кои 7 жени и 57 мажи, на возраст од 30 до 45 години. Од нив, 53 се третираат со метадонска терапија, а 11 лица со бупренорфин.

Освен третманот со медикаменти, се пружи и психолошка и социјална поддршка на лица- зависници од хероин. Истовремено, Центарот пружи третман и на затворениците во КПУ Затвор- Гевгелија, па затоа бројката варира од 50 до 90 лица- зависници од наркотици и психотропни суптстанци.

За разлика од минатата година, оваа година бројката на уживатели на психотропни супстанци и наркотици кои се третираат во Центарот е зголемена за 10 лица.

Раководството на Болницата нагласува дека оваа бројка е само на регистрирани лица на лекување во Центарот и дека реалната бројка на корисници на наркотици и психотропни супстанци кај младите во општината е многу повисока. И, дека за одредување на распространетоста е потребна поголема координираност помеѓу повеќе институции.

Ваквата констатација едногласно беше поддржана од сите членови на Советот, сметајќи дека за спречувањето на актуелниот и сериозен проблем треба да се изготви стратегија, како на локално, така и на државно ниво.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...