Денес (28 мај 2021 година), во Солун се одржа Првиот состанок на Заедничката експертска комисија меѓу Хеленската Република и Република Северна Македонија за отворањето нов граничен премин што ќе ги поврзува Промахои во Хеленската Република и Мајден во Република Северна Македонија.
Со состанокот претседаваше генералниот секретар за јавен ред на Министерството за граѓанска заштита, г. Константинос Цувалас, со неговиот колега, шефот на Делегацијата на Република Северна Македонија, г. Зоран Попов, државниот секретар на Министерството за надворешни работи.
Двете страни ги изготвија и се согласија за Правилникот за работа и Деловникот на Заедничката експертска комисија, кои ќе се усвојат на следниот состанок.
На состанокот присуствуваа и претставници на локалните власти од двете соседни страни на граничната линија.
Состанокот се одржа во позитивен и продуктивен контекст, како и со меѓусебно разбирање, и беше договорено вториот состанок на Заедничката експертска комисија да се одржи на датум што ќе се утврди заедно, во текот на оваа година.