spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Состанок на Заедничката експертска комисија на Хеленската Република и Република Северна...

МНР: Состанок на Заедничката експертска комисија на Хеленската Република и Република Северна Македонија

Денес (28 мај 2021 година), во Солун се одржа Првиот состанок на Заедничката експертска комисија меѓу Хеленската Република и Република Северна Македонија за отворањето нов граничен премин што ќе ги поврзува Промахои во Хеленската Република и Мајден во Република Северна Македонија.

 

Со состанокот претседаваше генералниот секретар за јавен ред на Министерството за граѓанска заштитагКонстантинос Цувалассо неговиот колегашефот на Делегацијата на Република Северна МакедонијагЗоран Поповдржавниот секретар на Министерството за надворешни работи.

Двете страни ги изготвија и се согласија за Правилникот за работа и Деловникот на Заедничката експертска комисијакои ќе се усвојат на следниот состанок.

На состанокот присуствуваа и претставници на локалните власти од двете соседни страни на граничната линија.

Состанокот се одржа во позитивен и продуктивен контексткако и со меѓусебно разбирањеи беше договорено вториот состанок на Заедничката експертска комисија да се одржи на датум што ќе се утврди заедно, во текот на оваа година.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...