spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: „Отворен ден“ за промоција на струките и дуалното образование во средните...

Прилеп: „Отворен ден“ за промоција на струките и дуалното образование во средните стручни училишта

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски заедно со претставници
од Министерството за образование и наука ги посети четирите средни стручни училишта во општината, каде во рамки на кампањата на МОН за унапредување на стручното образование „Учи паметно, работи стручно“ и воведувањето на концептот на дуално образование, се одржа таканаречен „Отворен ден“.

На поставени едукативни штандови во средните општински училишта „Ѓорче Петров“, Кузман Јосифоски-Питу“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески-Ричко“ учениците кои годинава го завршуваат основното образование и нивните
родители, имаа можност да се запознаат со образовните профили кои ги нудат
училиштата и предностите од концептот на дуалното образование.

„Кога зборуваме за дуалното образование, треба да се потенцира дека станува збор за нов модел, нова форма на образование, со која учениците стекнуваат стручни знаења и вештини, со цел да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Ме радува фактот што компаниите од нашиот град ги отворија вратите за дуалното образование, што е во интерес не само за учениците и професорите
по стручните предмети, туку и за стопанството во општина Прилеп. Општина Прилеп, заедно со Министерството за образование и наука и стопанските субјекти од градот, ќе продолжи да го поддржува дуалното образование, затоа што на тој начин ќе имаме квалификуван стручен кадар, што е основа за нови инвестиции и отворање на нови работни места“, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

„Сите ние знаеме дека во стручните училишта праксата е основа за успех. Како резултат на практичната настава, компанијата добива еден млад специјалист кој веќе е запознат со нијансите на својата идна работа и е подготвен да ја започне. Соработката која ние ја имаме со реални компании, ги мотивира учениците постојано да работат, да бидат иновативни и да вложуваат во себе. Со професионален пристап и пракса ги оспособуваме младите за живот и работа преку активно вклучување во реални проекти и воедно ја поттикнуваме и подобруваме нивната комуникација со локалната заедница“, истакна директорката на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“, Билјана Маркоска.

Инаку, во поголем дел од струките кои ги нудат средните училишта во Прилеп
за прв пат се воведува концептот на дуално образование, кој сам по себе е
доста интересен за младите, бидејќи покрај изучувањето на теоријата, се
обезбедува практична обука за учениците во локалните компании.

Извор: Општина Прилеп 

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...