spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМОН: Ноторна лага е бришењето на македонската нација од наставните програми

МОН: Ноторна лага е бришењето на македонската нација од наставните програми

Информациите за бришење на македонската нација од наставните програми се уште еден од обидите за манипулација, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето на Сител телевизија.

„Секој оној којшто може да ја прочита програмата може да види дека секаде во програмата за четврто одделение стои македонски, македонска држава…така е и сега и сега постои во програмата и Македонци и македонска држава. Стои граѓаните да изградат идентитет на граѓани, дека припаѓаат на Република Северна Македонија“, рече Царовска.

Министерката вели дека со лаги и манипулации од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во континуитет се обидуваат да пласираат дека оваа реформа е поврзана со чистење на македонскиот идентитет, со бугарското прашање.

„Тоа се ноторни лаги. Затоа што оваа реформа во образование е нужна и нема никаква врска со други прашања со соседите, или други прашања кои се поврзани со надворешна политика, туку единствено со подобрување на квалитетот на образованието и постигнување на подобри резултати кај нашите ученици.

Царовска потсети на последните пресметки на индексот на човечки капитал на Светска банка, и дека со вакви резултати не можеме да создаваме продуктивни граѓани.

Ние во последните пресметки сме екстремно ниско, што укажува дека само половина од нашите ученици кои денеска се во образование ќе ја постигнат продуктивноста којашто е очекувана, останатите нема да ја постигнат, а тоа укажува дека образованието нема да ги подготви да бидат продуктивни граѓани“, рече Царовска.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...