spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Континуирано се чисти, нивелира и одржува каналската мрежа

Илинден: Континуирано се чисти, нивелира и одржува каналската мрежа

Општина Илинден континуирано работи на реализација на проектот Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали. Со проектот се опфатени отворените одводни канали кои се дел од мелиоративниот систем „Скопско Поле“, кој се протега на територијата на пет општини: Илинден, Гази Баба, Арачиново, Петровец и Зелениково.

Од почетокот на годината досега, во кординација со Водостопанство-Скопско Поле-Скопје,  исчистени се вкупно 7300 метри од каналската мрежа. Извршено е машинско чистење на Ободен канал што минува низ локалната економска зона Стопански комплекс Илинден и локалната екомска зона Карагач во должина од 3000 метри, машинско чистење на терцијален канал сисавец на Топлик во нас. Илинден во должина од 1000 метри, терцијален канал сисавец на Топлик во локалната економска зона Ограѓа во должина од 1300 метри, машинско чистење на сисавец на Главен канал во локалната економска зона Марино-Кадино, во должина од 700 метри и машинско чистење на сисавец на Главен канал во Илинден, во должина од 1100 метри. Од страна на ЈКП „Илинден” извршено е косење и уредување на терцијалните канали во должина од 2500 метри.

Во рамките на проектот Изградба и подобрување на систем за зафаќање и одведување на атмосферските води, изграден е и нов канал во должина од 200 метри во локалната екомска зона Ограѓа за одведување на атмосферските води во каналот Топлик.

Поради рамничарскиот терен на којшто се наоѓа Општината, подложен на покачување на нивото на подземните води, континуирано се врши уредување, чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали кои што се во должина од 120 километри.

Водениот надомест за редовното одржување, чистење и нивелирање на отворените одводни канали во име на граѓаните како корисници на овие објекти од јавен интерес го плаќа Општината. Таа обврска локалната самоуправа ја презема уште од 2010 година. Со оглед на тоа што каналите се објекти од јавен интерес, според урбанистичките планови, на овие површини не смее да се изведуваат градби или да се вршат работи со кои се загрозува стабилноста на одбранбените насипи.

Општина Илинден во рамките на Акциониот план за чистење на каналската мрежа, Годишната програма на Општината и Годишната програма на Водостопанство Скопско-поле, континуирано работи на редовното одржување на каналската мрежа со што се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се обезбедува чиста животна средина која е еден од условите за квалитетен живот на населението.

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте