spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Сточарите да аплицираат за набавка на педигриран добиток и субвенционирана плата...

АФПЗРР: Сточарите да аплицираат за набавка на педигриран добиток и субвенционирана плата за овчарите

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, завчера ја посетија фармата „Агро Емини ДООЕЛ“ во селото Доленци, битолско која има успешно реализиран проект преку програмата за рурален развој. Станува забор за набавка на 275 педигрирани овци од расата асаф. Вкупната инвестија е 5,5 милиони денари од кои 4,1 милион денари се грант од Мерката 121,1 од Програмата за рурален развој.

 

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски истакна дека овој проект е заеднички успех на Владата и сточарскиот сектор и е доказ за цврстата определба на институциите да бидат партнери во зголемувањето на сточниот фонд, подобрување на генетскиот потенцијал и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на домашните фарми. Бачовски посочи дека од денеска е објавен нов повик за набавка на педигриран добиток од регистрирани одгледувачници.

 

„Сите заинтересирани, преку оваа мерка ќе можат да аплицираат за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо, со исклучок на расата Буша, како и педигрирани приплодни грла на овци и кози од признаени организации на одгледувачи. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник е 6.5 милиони денари, a повратот на средства се врши по претходно потпишан и реализиран проект, односно по потпишан договор и набавен добиток. Паралелно, од денес тече и повикот за субвенционирана плата за овчарите. Максималната финансиска поддршка е до 360.000 денари по лице, за не повеќе од 20 вработени. “ – истакна Бачовски

 

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека ваквите проекти се доказ дека политиките кои се сппроведуваат даваат резултати. Двата повици кои се објавени денеска, како што истакна Димковски, се дел од стратешкиот план за развој и подобрување на сточарството.

 

„Се надевам дека средствата наменети за сточарското производство, ќе бидат дополнителна мотивација кај сточарите, да ги обновуваат своите стада со набавка на говеда, овци и кози со висок генетски потенцијал како и да се поддржат овчарите преку субвенционирана плата, но и да се подобрат условите на пасиштата. Вложуваме не само во обновување на стадата туку и во развој и обновување на пасиштата. За таа цел, минатата година нашите пасишта за прв пат добија струја. Беа распределени 50 фотоволтаични панели низ целата држава, како и 150 метални водопоила. “- истакна заменик министерот Димковски.

 

Димковски појасни дека новите повици се нова шанса за модернизирање на домашните бачила, а сите заинтересирани можат да доставуваат документи до 04. Јули. Апликациите за набавка на педигриран добиток се поднесуваат електронски на www.ipardpa.gov.mk. А на веб страната на АФПЗРР, може да се симне и целата потребна документација како и Упатството за корисници.

 

Преку ваквите мерки и политики се јакнат домашните фармери и домашните преработувачки капацитети за месни и млечни продукти што позитивно се одразува на генетскиот потенцијал, производството на домашно високо квалитетно млеко и месо со што директно ги намалуваме увозните параметри и ја зголемуваме продуктивноста во домашната економија.

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

МОН: Конкурс за доделување на средства на домашни научни истражувачи за...

0
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и  53/16 ), член...