Вчера беше одржана консултативна онлајн средба со претставници на младински организации, организации за млади и младински чадор организации на тема имплементација на постоечката и консултации за изработка на новата Стратегија за млади.
На средбата беше потенцирана потребата од ревизија, посочени беа потешкотиите со кои се соочуваат институциите во имплементацијата, како и идните предизвици кои претстојат.
На средбата беа посочени конкретни насоки кои ќе бидат од корист во спроведувањето но и во изработката на нова стратегијата за млади која ќе биде изработена согласно потребите на младите луѓе.
Постојаната мисија на ОБСЕ ќе ги поддржува процесите во следење и изработка на нова Национална стратегија за млади.
Соработката меѓу АМС и формите на младинско организирање останува на највисоко ниво и заеднички работиме на унапредување на младинските политики.
Извор: Агенција за млади и спорт