spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedФилипче ги повика граѓаните да се имунизираат, но не им кажа да...

Филипче ги повика граѓаните да се имунизираат, но не им кажа да не праќаат по повеќе апликации зошто ќе им ја евидентира последната

Почитувани,

Како се во здравствениот систем откако Венко Филипче е на власт, така и системот за електронско пријавување на вакцинација не функционира.

Најпрво имавме сериозен недостаток на вакцини и истите премногу доцнеа.

Поради таа причина животот го изгубија за жал многу луѓе.

Откако започна пак имунизацијата се создаде хаос и изостанаа одредени групи да бидат ставени како приоритетни.

Се уште луѓе над 60 години и луѓе со хронични заболувања чекаат да бидат повикани за вакцинирање иако се уредно пријавени на сајтот vakcinacija.mk.

Цениме дека граѓаните треба да бидат известени како функционира системот за електронско пријавување за имунизација.

Ако сте веќе еднаш пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што според кажувањата на одговорното лице од одделот за електронско пријавување, кој како одговор го добивме јавувајќи се на бројот 0215444, се евидентира само датата на вашата последна регистрација на сајтот!

Што значи ако сте се пријавиле во април месец па потоа во јуни, системот ќе го евидентира вашето последно пријавување, односно она што сте го направиле во јуни месец.

Граѓаните се тие кои треба да се информирани и кои треба да знаат се.

Велат направиле пресек и ќе се вакцинираат лица кој се пријавиле до 30.04.2021.

Но зошто има луѓе над 60 години и пријавени пред 30.04, понеколку пати кој се уште чекаат да бидат повикани на вакцинирање?

Надлежните велат граѓаните треба да се пријавуваат само еднаш, бидејќи системот го регистрирал само последниот пат.

А, нормално е ако луѓето не добиле термин, а се пријавиле до 30-ти април, да се пријават повторно со очекување дека можеби ќе бидат повикани поскоро.

Никој од надлежните досега ги нема известено за ова граѓаните.

Ова е крајно несериозен пристап на министерството и министерот за здравство Венко Филипче.

Ова  е срамно!

Ова е уште еден доказ дека нема никаков ред и дека никој не мисли за граѓаните! Посебно не мислат одговорните, Заев и Филипче!

Извор: ВМРО

Прочитајте

Карпош: Есенски првак во Фудбал

0
На првата позиција во училишната фудбалска лига за овогодишната есенска полусезона 2024/2025, завршија младите фудбалери од ООУ „Петар Поп Арсов“. Талентираните ученици од П.П.А во...