spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedЗаев го задолжи секој граѓанин за 3,500 евра, државата за нови 210...

Заев го задолжи секој граѓанин за 3,500 евра, државата за нови 210 милиони

СДСМ и економски раст се две работи кои не одат во иста реченица.

Секоја година е економска година за оваа власт, а граѓаните живеат се посиромашно, цените се плафон, а следат и уште поголеми поскапувања.

Мизерно е фалењето за раст на платите, кога секој граѓанин должи по 3,500 евра, а со ребалансот на Буџетот дополнително се задолжи секое семејство во земјава за нови 500 евра.

Очајни се најавите дека македонската економија „ќе расте“ кога веќе имаме јавен долг што е 63% од БДП. Не, економијата не е стабилна туку уште повеќе тоне поради неспособните политики на економскиот тим на власт. А Заев ја задолжи државата за нови 210 милиони евра со ребалансот.

Неспособните кадри на Заев донесоа пола милион луѓе во сиромаштија, а „успешните“ политики на СДСМ резултираа со 60 илјади невработени луѓе, кои никој не ги спомнува во блескавите изјави на фиктивна реалност која СДСМ ја пропагира.

Економските политики се за греота, инвестиции нема, а Заев сеуште не одговори на што се потрошија 1 милијарда евра од Буџетот.

СДСМ не ги враќа парите кај граѓаните, туку ги краде.

Четири години Заев, четири години украден живот и економска мизерија, доста е!

Извор: ВМРО

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...