Карпош: Проекти за подобро образование

ОпштиниКарпош: Проекти за подобро образование

Најчитано

Во рамки на 57. седница, советниците од Карпош ја поддржаа изменетата и дополнета Програма за активностите на општина Карпош  во областа на образованието за 2021 година. Станува збор за проектни активности кои требало да се реализираат, но поради ситуацијата со пандемијата (Ковид – 19), училиштата не биле во можност да го сторат тоа. Оттаму, финансиските средства коишто биле предвидени за спроведување на проектите не биле искористени, со што истите ќе бидат пренаменети за потребите на ИТ библиотечниот фонд во училиштата во Карпош.

 

Со  истата динамика, советниците се изјаснија позитивно за трите Предлог-проекти од областа на образованието. Имено, локалната самоуправа со 120.000 денари ќе го поддржи  проектот „Еколошка револуција во општина Карпош“. Здружението за поттикнување на еколошката свест „ФОР СЕЛЕКТ Скопје“ ќе ги едуцира основците од Карпош и нивните родители, кои преку презентации и низа активности континуирано ќе собираат пластични шишиња и амбалажна хартија и на тој начин ќе придонесат за намалување на загадувањето во својата средина. Проектот се заснова на претходно стекнатите искуства на невладината „4SELECT“ со логистичка поддршка од „ПАКО МАК„ и „НУЛА-ОТПАД“.

 

Вториот проект кој го одобрија советниците од Карпош е насловен „Хумана среќа – Проект за лична и колективна среќа“, за кој Општината обезбеди финансиска конструкција од 28.400 денари. Целта на проектот е учениците да развијат конструктивни навики, чувство на оптимизам и вештина за градење на меѓучовечки односи, да се интегрира уметноста во процесот на учење и сл. Поттик за реализација на четири месечниот проект кој го изработи д-р Виолета Панев е пандемијата (Ковид -19), која не потсети дека училиштата не се само места каде што се одвива воспитно – образовниот процес, туку тие се и дел од социјалното ткиво на нашата заедница.

 

Советниците дадоа „зелено светло“ и за  третиот проект за одржување на фолклорна школа, каде претставници од МКУД „Цветан Димов“ ќе работат со заинтересираните основци од Карпош. За оваа намена, локалната самоуправа обезбеди 50.000 денари од својот Буџет, а примарната цел е сценска примена на народните игри кај децата. Инаку, фолклорната школа е проект кој веќе 10 години се одржува во основните училишта низ Карпош, како дел од Програмата за образование. Школата е организирана како забавно – едукативен центар, кој преку пренесување на народните игри ќе го развива детскиот фолклор. Часовите за учениците ќе бидат бесплатни и ќе се одржуваат во рамки на слободните активности, по завршување на редовната настава.

 

Во рамки на денешната седница, Советот на општина Карпош даде согласност за обезбедување финансиски средства за ангажирање на одделенски наставници за реализирање на настава со физичко присуство во продолжен (дневен) престој, само  за ученици од IV (четврто) одделение. Оваа одлука ќе важи за основците, кои во претходните учебни години следеле настава во продолжен престој.

 

Советниците ја поддржаа Одлуката за прифаќање на донација од „БИС ОИЛ“ – ДОО Скопје во вредност од 1.416.000 денари, во вид на изработка на документација за основни сообраќајни проекти за улицата Ц5, (улица 1688), која се наоѓа во непосредна близина на касарната Илинден. Проектите ги изработија „ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ“ ДОО Скопје, а ревизијата ја спроведоа „АДИНГ ИНЖЕНЕРИНГ“ ДОО Скопје, „24 ИНГ“ ДООЕЛ Битола и ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Проектната спецификација содржи пет фази: сообраќај – градежен дел, сообраќајна сигнализација, водовод и канализација, електрика и геомеханика.

 

Општина Карпош ќе добие донација од ДТПУ „Краснаја плус“ – Скопје вредна 650.000 денари,  во вид на поставување урбана опрема во рамки на детско игралиште и детско катче, на аголот од бул. „Илинден“ со раскрсница од ул. „Бледски договор“, спроти градската болница „8-ми Септември“. Предметниот простор од околу 100 м2 ќе биде облагороден според следната спецификација:

 

  • Подлога од мали камчиња;
  • Две лулашки;
  • Една клацкалка;
  • Еден реквизит – тобоган, со повеќе намени за качување по јаже, скали;
  • Додатоци од лавиринт и сл.

 

Втората половина од игралиштето ќе содржи мека подлога, две мали пластични лизгалки, мала клацкалка, трамболина, мали масички и столчиња за деца со намена за боење, пишување и друг тип анимирање на најмладите.

 

Советот  го усвои и Локалниот акционен план (ЛАП) за вработување на Ромки за 2021 година. Овој стратешки документ го изработија невладината „ХЕРА“ и Социјалното претпријатие „Нега Плус“, во соработка со Координаторката за еднакви можности на жените и мажите од општина Карпош, Виолета Цветковска. За реализација на овој акционен план, локалната самоуправа обезбеди 100.000 денари буџетски средства. Во контекст на стратегијата, стручни кадри ќе обучуваат селектирана група на Ромки кои преку едукација ќе се стекнат со одредени знаења, што би им помогнале во процесот на самовработување, или евентуално вработување во  приватниот или невладиниот сектор кој фунционира на територија на општината.

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе