Карпош: Проектот на ООУ Аврам Писевски повод за регионална соработка

ОпштиниКарпош: Проектот на ООУ Аврам Писевски повод за регионална соработка

Најчитано

Основното училиште „Аврам Писевски“ од населбата Бардовци, продолжува со активностите за поврзување на учениците и размена на искуства со образовните установи од регионот.

По тој повод во рамки на проектот ЕРАЗМУС К1, неодамна во посета на училиштето беа претставници од ОУ „Краљ Петар I“ од Ниш, (Република Србија).

 

Учесниците појдоа во обиколка на еко – училницата, ја посетија чајната градина и се информираа за начинот на кој функционираат овие училишни зони.

 

Првиот ден, наставниците по биологија од двете држави разменуваа искуства во чајната градина. Се информираа за начинот на садење на растенијата, нивниот развиток и учеството на основците и наставниот кадар во создавање на градината. На овој начин се овозможува дополнителна едукација на младите, кои на практичен начин можат да ја научат наставната материја.

 

Исто така, се направи и вмрежување, соработка меѓу наставниците по англиски јазик и ликовно образование, како и по информатика, техничко образование и хемија.

 

Поголемиот дел од активностите беа организирани на отворено, со почитување на мерките за заштита од КОВИД – 19.

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе