spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Георгиески во работна посета на Белград

Охрид: Градоначалникот Георгиески во работна посета на Белград

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески е во неколкудневна работна посета на Белград Р. Србија. Во рамки на посетата претпладнево тој се сретна со претседателот на српското собрание, Ивица Дачиќ при што му предаде фрагмент од оградата од ковано железо, сопственост на српското собрание што ја красеше вилата „Билјана“. Станува збор за зачуван фрагмент од оградата што се наоѓал пред парламентот во Белград, во периодот од 1936 до 1956 година, по што бил демонтиран и пренесен во Охрид.

– Големо е задоволството што денеска во Белград ја имав честа свечено да предадам дел од оградата  на Собранието на Србија , како гест на пријателство помеѓу македонскиот и српскиот народ. Со претседателот на српското собрание , Ивица Дачиќ  имавме можност  да поразговараме за дел од историските вредности на оградата чиј значителен дел беше пронајден во Охрид. На пригодната свеченост  и во рамки на официјалната средба беа отворени повеќе теми  на заеднички интерес  со што ја потврдивме добрата соработка  помеѓу двете држави , која се темели  на нашата заедничка историја  и традиционалната поврзаност помеѓу двата народи.  Особено беа потенцирани  можностите за соработка  во делот на туризмот  и интересот за Охрид  како посакувана  дестинација на српскиот туристички пазар– истакна градоначалникот Георгиески непосредно по средбата.

Претседателот на српското собрание, Ивица Дачиќ се заблагодари на пријателскиот гест на охридскиот градоначалник и македонската влада кои се во насока на зајакнување на добрососедските односи меѓу двете земји

– Јас им се заблагодарувам на министерот Бујар Османи, на градоначалникот на Охрид и на Амбасадата, што така бргу реагираа. Во последно време имавме низа чекори кои севкупно сочинуваат една коцка во мозаикот кои ја покажуваат вистинската слика како нашите односи треба да бидат братски и пријателски и би сакал така да останат и понатаму – изјави Дачиќ.

Во рамки на посетата, градоначалникот Георгиески оствари средба и со претседателот на белградското собрание, а заедно со директорот на Агенцијата за  поддршка и промоција на туризмот  Љупчо Јаневски   е предвидена  работна средба со  министерката за трговија , туризам и телекомуникации,  Татјана Матиќ.

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...