spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Нов асфалтен пат од село Велгошти до црквата Свети Никола

Охрид: Нов асфалтен пат од село Велгошти до црквата Свети Никола

Градоначалникот Константин Георгиески присуствуваше на свеченоста по повод пуштање во употреба на новоизградениот асфлатен пат од селото Велгошти до црквата “Свети Никола”.

Иако се работи за стрмен планински предел, градежните активности за изградба се одвиваа непречено и беа навремено завршени. Овој проект е дел од Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и истиот предвидуваше тампонирање на основата и поставување на нов асфалт на коловозот. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа издвоени 10.300.000 денари.

Новоизградениот пат до црквата “Свети Никола” овозможува соодветен пристап до храмот со што се исполнува едно долгогодишно барање на месната заедница и жителите на село Велгошти.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте