spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Поддршка на проекти од областа на младите

АМС: Поддршка на проекти од областа на младите

Врз основа на Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите, Агенцијата за млади и спорт донесе Одлука за доделување финансиски средства за поддршка на проекти од областа на младите според која се распределуваат финансиски средства во висина од 3.000.000,00 денари од Буџетот на Република Северна Македонија на Агенцијата за млади и спорт за 2021 година („Сл. Весник на РСМ“ бр. 307/2020), во делот за млади, наменети за поддршка на проекти од областа на младите, од потпрограма – 30, ставка 463 – трансфер до невладини организации.

Висината на финансиските средства се доделуваат на следниве Здруженија на граѓани: ЕАСП – СКОПЈЕ И Прилеп, Здружение за развој на општество – Социјaлни иновации ВАКЕ УП Скопје,Здружение за промоција и поттикнување на информатиката Асоцијација на студенти и информатичари Скопје АСИ, Студенстки парламент на Факултет за електротехника и информациски технологии Скопје, Лоесје Битола , Макодонски Зелен Центар, РОДОСТ – Скопје, МЕДИУМ, ЦОЕР – Скопје, Извиднички одред Пионер Охрид, Фондација за локален развој и демократија Фокус- Велес, Центар за иновации за Развој на заедницата, Центар за хумани односи – Крушево, Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет на општините Велес, Градско и Чашка – МОБИЛНОСТ, Велес, и Здружение за млади и доживотно учење и пријателство Плус Битола.

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...