spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи се сретна со амбасадорите на Португалија и Белгија, Пиња и...

МНР: Османи се сретна со амбасадорите на Португалија и Белгија, Пиња и Мерис

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера се сретна со амбасадорите на Кралството Белгија, Фредерик Мерис, со седиште во Софија, а во текот на денот имаше средба и со Амбасадорот на Португалската Република, со седиште во Белград, Марија Вирџинија Мендес да Силва Пина.

На средбите беше дискутирано за европската перспектива на Северна Македонија и можностите за нејзино унапредување во периодот што следи, имајќи ги во предвид јунските Самити на ЕУ.

На средбата со Пиња, беа разгледавме досега преземените ангажмани и напори на Северна Македонија и Португалија, како актуелен претседавач со Советот на Европската унија, на планот на европската интеграција на нашата држава. Беше истакнато дека во изминатиот период билатералните односи се градат врз основа на блиски пријателски односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области.

Во разговорот со амбасадорот Мерис беше нагласено дека во периодот кој следи ја очекуваме и поддршката од Кралството Белгија, како една од земјите основачи на Европската Унија, со цел одржување на Меѓувладината конференција и формално да ги започнеме пристапните преговори за полноправно членство со Унијата. Во врска со билатералните односи, беа оценети како одлични и изградени врз основа на споделени стратешки интереси.

Средбите беа искористени да се разменат мислења и за актуелните регионални и глобални случувања и други видови на соработка, особено на полето на мултилатералата.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...