spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Воспоставена соработка со ,,Банка за храна“

Ѓорче Петров: Воспоставена соработка со ,,Банка за храна“

Општина Ѓорче Петров воспоставува  соработка со невладината ,,Банка за храна“. Идејата е да се развие континуирана поддршка за лицата од социјален ризик, да се обезбеди достоинствен оброк за оние на кои им е најпотребен.

Градоначалникот Александар Наумоски  со основачот Душко Христов разговараа за идните модалитети на проширување на заедничкиото делување во насока на ублажување на сиромаштијата.

По тој повод, невладината ,,Банка за храна“  додели 50 пакети со храна на Здружението на пензионери на Ѓорче Петров, а истите ќе бидат дистрибуирани до нивните социјално ранливи членови.

Со овие пакети сакаме да покажеме дека се грижиме за оние наши сограѓани на кои сме им најпотребни. Во овој пакет се вклучени основни прехранбени производи: брашно, масло за јадење, млеко и млечни производи, супи и други намирници.Преку ваквиот хуман гест ќе се зајакне хуманоста и помагањето на социјално загрозените лица и ќе се покренат иницијативи за понатамошни хуманитарни акции за помош на овие лица, рече Наумоски.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...