spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Увид во градежни работи-доградба на три занимални во Детелинка

Ѓорче Петров: Увид во градежни работи-доградба на три занимални во Детелинка

Градоначалникот Александар Наумоски и директорката на ЈОУГД Росица, Маја Ристовска извршија увид во градежните работи за доградба објектот Детелинка во урбаната заедница Мирче Ацев.

Според динамиката на градба се очекува од  септември да се отворат  дополнителни 90 места за деца во објектот.

Изградбата на трите занимални влегува во својата завршница.  Во моментов се поставува керамика и санитарија, парното греење е во завршна фаза, следува опшивање на кровот и довршување на фасадата. Финално ќе се инсталира подот и ќе се опремат занималните.

Со доградбата се намалува листата на чекање за упис во градинка а дечињта добиваат соодветни услови за згрижување, настава и воспитување.

За трите занимални во УЗ Мирче Ацев, одвоени се 14,5 милиони денари. 11 милиони од Буџетот на Министерството за труд и социјала и три ипол милиони општински средства.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...