spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Обука на воздухопловниот ВИНГ

Охрид: Обука на воздухопловниот ВИНГ

До петок ( 25.06 2021 г.) воздухопловниот ВИНГ на АРМ, на крајбрежјето на Охридското Езеро се изведуваше Летачка обука над водени површини со два хеликоптери Ми-8/17.

 

Како дел од активностите на воздухопловниот ВИНГ, а во соработка со локалната самоуправа од Охрид во четвртокот (24.06.2021г.), во период од 16 до 19 часот пред Кампот за обука на АРМ кај каналот „Студенчишта“  „Отворен ден за јавноста“ каде што граѓаните ќе можат да видат дел од леталата и опремата со која што располага Воздухопловниот ВИНГ.

 

Обуката е дел од Годишниот План – Календар за Обука на Воздухопловниот ВИНГ . Активноста е дел од подготовките за планираната НАТО вежба за кризен менаџмент „Северна Македонија 21“ водена од НАТО – Евроатлантскиот центар за координација за одговор при катастрофи (NATO EADRCC) и ЦУК која треба да се реализира во месец септември 2021 година во Охрид.

 

Неколкудневната обуката на воздухопловниот ВИНГ се реализираше во соработка со Општина Охрид и Планинарската спасителна служба при охридскиот Црвен Крст.

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

МТВ: Николовски – Од Скопје ќе се лета до Женева и...

0
Ве информираме дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа: Скопје -Женева Скопје-Париз (аеродром Орли) Овие две дестинации се воведуваат на барање...