Најоштетените улици во Крушево се заменети со нов асфалт и со тоа движењето станува полесно, побезбедно, а општината одговори на долгогодишните барања на граѓаните од овие улици.
„Продолжуваме со реконструкција на улици. Во моментов работиме на главната сообраќајница во град Крушево, а завршивме две улици со видно оштетен афалт. Успеавме да издејствуваме средства и да ги реконструираме овие улици. Им благодарам на граѓаните на трпението.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Општина Крушево веќе најави реконструкција на уште неколку улици кои заедно со главната сообраќајница ќе добијат нов асфалт.
Извор: Општина Крушево