Започна предавањето на печките на тврди или фосилни горива за носителите на домаќинствата, кои беа субвенционирани на јавниот повик за субвенционирање на домаќинства во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.
Согласно условите во јавниот повик, граѓаните ги предаваат без надомест печките на тврди или фосилни горива во ДООЕЛ Отпад „Чамец“ Битола, кој се наоѓа на патот за Могила од лева страна. Предавањето се одвива согласно утврдениот распоред, со кој превидено е седмично да се предаваат 600 печки.
При предавањето на печките, граѓаните добиваат потврда, која заедно со копија од гарантниот лист и копија од документот за монтажа на инвертер клима уредот, треба да ја достават до Општина Битола од 08 до 16.00 часот истиот ден или најдоцна до 12.00 часот следниот ден, во зградата на Советот на Општина Битола (зад општинската зграда).
Извор: Општина Битола