МЕ: Создадовме поволни услови за странските инвеститори, големи се перспективите за унапредување на економската соработка

МинистерстваМЕ: Создадовме поволни услови за странските инвеститори, големи се перспективите за унапредување...
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Министерот за економија Крешник Бектеши се обрати на македонско-унгарскиот бизнис форум кој денеска се одржа во Штип во организација на Сојузот на стопански комори на Северна Македонија и Стопанската комора за индустрија на Унгарија.

На бизнис-форумот учествуваше и се обрати и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петар Сијарто.

Министерот во своето обраќање пред македонските и унгарските стопанственици ги презентираше економските приоритети на Владата и поволностите за инвестирање во земјата со цел за достигнување и одржување на повисок економски раст и зголемување на стандардот на населението.

“Изминатата година целиот свет се се соочи со негативните последици кои ги предизвика пандемијата врз економиите во целиот свет.Но, и покрај сите предизвици со кои се соочивме, можам да кажам дека успеавме да го испорачаме тоа што им го ветивме на граѓаните и на бизнисот, кажа министерот Бектеши и додаде дека беа донесени шест пакети на економски мерки за поддршка на најпогодените граѓани и сектори кои ги дадоа своите резултати.

Политичката стабилност и враќањето на довербата кај инвеститорите се очекува да придонесат кон раст на приватнит,  но и на странските инвестиции.Со закрепнување на глобалната економија, очекуваме дополнително закрепнување и на надворешната побарувачка.

“Минатиот месец, Владата усвои Интервентен инвестициски план (ИПИ 2021-2027), со кој се предвидени инвестиции во вредност од 8 милијарди евра. Планот содржи јавни и приватни инвестиции кои се во согласност со сегашните и идните стратегии за економски раст на земјата. Од овие средства 5 милијарди и 791 милиони евра се јавни инвестиции додека 2 милијарди и 384 милиони евра се планирани приватни инвестиции.” потенцираше Бектеши

Во своето обраќање пред бизнисмените министерот потенцираше дека Владата, на отворен и транспарентен начин на заинтересираните домашни и странски инвеститори им обезбедува услови за да можат непречено да ги реализираат своите инвестициони проекти во Северна Македонија преку Планот за економски раст кој беше донесен во 2017 година.

“Со овој план креирани се мерки поделени во три столба, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на македонските компании. Важно е да се спомне дека во изминатите неколку години воспоставивме редовен дијалог со бизнис-заедницата. Заедно со стопанските комори и другите домашни и странски бизнис асоцијации остваруваме средби, решаваме конкретни прашања и предлози и се консултираме за политиките кои ги спроведуваме. Истотака, за инвеститорите во зоните предвидовме даночни, царински, инфраструктурни и други привилегии.Со донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестиции се потикна економскиот раст и развој на државата, преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата и развојот на пазарот на трудот преку поддршка на вработувањата“ кажа министерот и потсети дека сите домашни и странски инвеститори кои ќе инвестираат во земјата имаат низа поволности.

“Тука спаѓаат царински и ослободувања од Данокот на додадена вредност, како и ослободувања од, Данок на добивка за период од 10 години, 50 процентно ослободување на персоналниот данок во првите пет години од работењето;
даночно ослободување на реинвестираната добивка, ослободување од административни такси и данок  на имот. Земјиштето се издава под поволни услови за период од најмногу до 75 години заедно со  инфраструктурни погодности како што е бесплатно приклучување до гас, електрична енергија и комунално поврзување“ кажа министерот Бектеши. Министерот информираше и за можностите за инвестиции во енергетскиот сектор во земјата и нагласи дека Владата започна со реализација на Зелена агенда која значи засилени инвестиции во обновливи извори на енергија.

Министерор на крај ги повика унгарските инвестирори кои беа присутни на бизнис форумот да дојдат да инвестираат во Северна Македонија за што ќе имаат безрезервна поддршка од Министерството за економија и Владата.

Во рамки на бизнис форумот министерот Бектеши оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петар Сијарто.

Двајцата соговорници ја изразија својата подготвеност во наредниот период да работат засилено на прододлабочување на економската соработка помеѓу двете земји и зајакнување на билатералната трговија пред се преку создавање на поволни услови за инвестиции во делот на енергетиката и туризмот.

Унгарија е во листата на 10 најголеми трговски партнери на Северна Македонија. Билатералната трговија меѓу двете земји во последните неколку години бележи континуиран раст.

Извор: Министерство за економија 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img