spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСамо во Врање се вакцинирани над 10.000 наши сограѓани

Само во Врање се вакцинирани над 10.000 наши сограѓани

Секој ден нов поразителен податок за катастрофалното менаџирање со Ковид кризата од страна на Заев и Филипче. Поради неспособната власт 10 илјади македонски граѓани се вакцинираа само во Врање, а вкупната бројка кои спас од КОВИД19 најдоа пред се во Србија и соседството надминува 40.000 македонски граѓани. Овие лица плаќале цел живот даноци и здравствено осигурување, за сега во ситуација кога им се загрозени здравјето и животите, да мораат да одат во странство да се вакцинираат и да трошат дополнителни средства за таа цел.

 

Филипче и Заев ги оставија граѓаните на цедило, без вакцини тогаш кога најмногу требаше. Затоа смртноста во Македонија од КОВИД 19 е огромна и кој знае колку животи ќе се спасеа ако масовната вакцинација почнеше во јануари или февруари.

 

Сега власта ако има барем грам доблест ќе прифати одговорност и ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за рефундирање на средствата на граѓаните кои поради немањето вакцини во Македонија се вакцинираа во странство. Тоа е најмалку што власта може да стори да ја исправи оваа неправда кон оние кои со вакцинирањето во соседството го заштитија своето здравје, здравјето на најблиските и придонесоа за јавното здравје.

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...