Кривични пријави за сите инволвирани во незаконските откази – Баргала АД

СиндикатиКривични пријави за сите инволвирани во незаконските откази - Баргала АД
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Во врска со незаконските откази на работниците од Баргала АД од Штип, покрај обезбедената правна помош за работниците, на почетокот на наредната недела, ССМ ќе поднесе Кривични пријави за сите инволвирани во незаконакото давање на откази на договорите за вработување на работниците од Баргала од Штип.

Ќе бараме казна затвор до 1 година за сите, започнувајки од Генералниот Директор, Извршениот Директор, вработената од благајна која се потпишала на записниците, другите раководни лица, членовите на Управниот и Надзорниот одбор во Друштвото Баргала АД и сите останати кои биле инволвирани во целата незаконска постапка, поради тоа што истите според сознанијата со кои располагаме и согласно записниците и Одлуките кои ги доставувале до работниците, сториле КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, Повреда на правата од работен однос спротивно на Член 166 од Кривичниот законик, кој покрај другото предвидува дека ,,Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен

договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата…” ,,ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.”

Исто така го повикуваме Собранието на акционери на Друштвото согласно Законот за трговските друштва, веднаш да го преиспита работењето на Генералниот Директор, Извршниот Директор, членовите на органите на управување поради сомневањата дека истите работат и спротивно на Законот за трговските друштва особено спротивно на членот 354.

Одговорност за ваквиот начин на незаконско работење мора да има, особено ако се знае дека работниците се оставени без институционална заштита, сами на себе без никакви примања, без плата, здравствено осогурување во време на пандемија, а последно и со незаконски откази на Договорите за вработување на околу половина од вработените во друштвото. Институциите мораат брзо и ефикасно да ги преземат сите мерки се со цел заштита на работниците и нивните работнички права, во спротивно пораката ќе биде јасна.

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img