spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВладата се фали со мерки, а месецов сепак ќе добиеме повисоки сметки...

Владата се фали со мерки, а месецов сепак ќе добиеме повисоки сметки за струја

Власта по правило бомбастично претставува мерки, а реализацијата и ефектот се лоши.
Поради необмисленоста и задоцнетите мерки во пандемијата ниту третина од предвидените средства не завршија во реалниот сектор. Затоа Македонија има 6200 затворени компании и 60 илјади новоневработени за само една година, а во исто време долгот достигна неверојатни 7 милијарди евра.
Впрочем имаме пад на БДП во првиот квартал од 2021, за разлика од Албанија, Косово и Србија кои бележат значителен раст. Поради неспособната власт  не трошењето на буџетските пари, народот сега ќе го оптеретуваат со зелена такса од 4 денари по литар гориво и нов зелен данок, кои не се ништо друго освен кризни даноци кои ќе го уништат стандардот и стопанството.
Дополнително ја покачија и електричната енергија за 12%, што е второ покачување за една година, кое кумулативно изнесува 20%. Да биде потрагично намалувањето на ДДв за електричната енергија не го следи навремено покачувањето, што преставува уште поголем удар за граѓаните.
Со други зборови, владата презентира мерки, а истовремено го исцицува народот со поскапувања, нови такси и даноци.

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...