spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕДа се преземат мерки за заштита од Делта сојот при влез во...

Да се преземат мерки за заштита од Делта сојот при влез во Македонија

Почитувани,

 

Делта сојот на КОВИД-19 вирусот е веќе во Македонија. Десетина пациенти се лекуваат во болница, оваа варијанта на вирусот побрзо се шири меѓу граѓаните од претходните три. И затоа земјите во светот се особено претпазливи.

 

Во услови, кога сите стравуваат од нови проблеми и распламтување на вирусот, и се преземаат заштитни механизми за влез во одредени држави, во Македонија власта се однесува неодговорно.

 

На сите аеродроми во светот има заштитни механизми, пред се се бараат негативни ПЦР тестови, пред да влезете во државата на слетување. За разлика од секаде во светот владата одлучи во Македонија службите на аеродромите и во државата да не бараат негативен тест при влез во државата.

 

Сосема е нејасно зошто и Македонија не воведе мерки за влез и тестови за тестирање на сите кои влегуваат на македонска територија, без разлика дали е тоа по некој од патните коридори или на аеродромите?

 

Се што е потребно во ова време е само строга контрола кој влегува и кој излегува, доколку се пропушти овој период, подоцна ќе биде многу потешко, особено ако се дозволи на есен да избие уште еден нов бран кој може да биде со многу потешка клиничка слика.

 

Владата да ја остава суетата на страна и да спроведе мерки за тестирање на сите кои влегуваат во земјата, а тие контроли да се спроведуваат на сите гранични премини.

 

Очекуваме одговорен однос од власта, а во меѓувреме да се продолжи со уште помасовна вакцинација и да се обезбедат уште повеќе вакцини.

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...