Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестиции во енергетската ефикасност.
Започнува постапката за промена на старите врати, прозорци и светларници во објектот Детелинка од ЈОУДГ ,, Росица ” – Ѓорче Петров.
Целата внатрешна столарија ќе се замени со нови енергетски ефикасни материјали.
Преку Програмата на Владата за намалување на аерозагадувањето за 2021-енегретска ефикасност, општината доби средства во висина од 1.9 милиони денари за оваа намена.
Со замената, се задржува топлината во просториите а со тоа ќе се заштедат и средства за загревање на објектот.
Извор: Општина Ѓорче Петров