spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Нови ЕЕ врати и прозорци во објектот Детелинка

Ѓорче Петров: Нови ЕЕ врати и прозорци во објектот Детелинка

Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестиции во енергетската ефикасност.

Започнува постапката за промена на старите врати, прозорци и светларници во објектот Детелинка од ЈОУДГ ,, Росица ” – Ѓорче Петров.

Целата внатрешна столарија ќе се замени со нови енергетски ефикасни материјали.

Преку Програмата на Владата за намалување на аерозагадувањето за 2021-енегретска ефикасност, општината доби средства во висина од 1.9 милиони денари за оваа намена.

Со замената, се задржува топлината во просториите а со тоа ќе се заштедат и средства за загревање на објектот.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...