spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Зголемен бројот на ученици, дополнително ќе се гради и ново основно...

Илинден: Зголемен бројот на ученици, дополнително ќе се гради и ново основно училиште

Општина Илинден од година в година континуирано бележи зголемување на бројот на ученици во трите основни и петте подрачни училишта како и во средното општинско стручно училиште. Во новата учебна година во училишните клупи ќе седнат 256 првачиња, за разлика од минатата година кога беа запишани 200, а вкупниот број на ученици во основните училишта е околу 2000.

Во средното општинско стручно училиште „Илинден” во прва година треба да се запишат 93 ученици во трите паралелки за Електротехничка струка, наместо како во изминатите осум години кога во две паралелки во прва година се запишаа 68 ученици. Во паралелката електротехничар за електроника и телекомуникации ќе се запишат 34 ученици, во паралелката електротехничар за компјутерска техника и автоматика, 34, како и уште 25 ученици во новоформираната паралелка за електротехничар за компјутерска техника и автоматика за која идните средношколци пројавија одгомен интерес.

Општина Илинден континуирано работи на подобрување на училишната инфраструктура, како и осовременување и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во трите основни училишта „Гоце Делчев”, Браќа Миладиновци” и „Ристо Крле”, како и Средното општинско стручно училиште „Илинден”. Во таа насока е и изградбата на новото основно училиште во населба Илинден со што ќе се обезбеди поквалитетен образовен процес и со што ќе се овозможи наставата во училиштата да се одвива во една смена.

Според градоначалникот Жика Стојановски, денес е време на кревање на нормите, вредностите и стандардите во образованието.

-Општина Илинден го почна тој процес во училиштата. Се бара секое дете да покаже готовност да учи, да биде вешто и сигурно во најбитните предмети, и да го заврши образованието во училиште што е безбедно и со квалитетни услови за реализирање на наставната програма. Образованието претставува една од најзначајните области за развој и фактор на современиот раст. Затоа, инвестирањето, осовременувањето и унапредувањето на квалитетот на образовниот процес е главен двигател за одржлив економски и социјален развој на локалната заедница. Во таа насока го изградивме средното стручно училиште, реконструирани се основните училишта, обезбеден е оптички интернет во училиштата и градинките, во тек се подготовките за изградба на новото основно училиште во населба Илинден, изградивме нова градинка во Миладиновци со капацитет од 90 деца, како и проширени се капацитетите на основната детска градинка „Гоце Делчев” со воведување на „јасли” во двата објекта, додава градоначалникот Стојановски.

Локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на стандардите на учениците, наставниците и училиштата, да им се обезбедат услови на учениците да ги покажат своите способности. Општина Илинден располага со квалитетен наставен кадар во училиштата, професори кои во изминатиот период создадоа многу квалитетни ученици кои постигнале големи успеси.

Учебна 2020/2021 година во основните и средното стручно училиште се одвиваше непречено според сите пропишани протоколи за заштита од пандемијата со Ковид 19, а воспитно образовниот процес во современи услови, според сите стандарди и протоколи.

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Велес: Ќе се реконструира просторот околу Спомен Костурницата

0
Почнува реконструкцијата на просторот околу Спомен Костурницата. Градоначалникот Марко Колев заедно со претставниците од фирмата изведувач направија вовед во работата и се очекува во...