spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Сребрен и бронзен медал за младите боксери на државното првенство во...

Илинден: Сребрен и бронзен медал за младите боксери на државното првенство во бокс

На 27 државно првенство во бокс за 2021 година, што во организација на Боксерската федерација на Македонија се одржа во Скопје, двајца млади боксери од боксерскиот клуб „Илинден“ се закитија со медали.

Лука Трифуновиќ (15) познат под прекарот Тајфун, во категоријата кадети, до 50 килограми, го освои второто место и сребрен медал, додека Ресуљ Рамаи (17) во категоријата јуниори, до 64 килограми го освои третото место и се закити со бронзен медал.

Ова не е само голем успех на младите боксери, туку и на Боксерскиот клуб „Илинден“ кој постои само две години, а неговите боксери веќе постигнуваат завидни резултати.

По повеќе од една година забрана и ограничувања за одржување на спортски настани поради пандемијата со Ковид 19, со олабавувањето на мерките за заштита се создаваат услови спортистите повторно да му се вратат на омилените спортови.

И покрај пандемијата спортските терени и спортските сали во општина Илинден редовно се одржуваа, така што денес се во полна кондиција, подготвени да ги примат сите оние што сакаат да спортуваат, почнувајќи од најмладите, од учениците па се до професионалните спортисти. А, такви, благодарејќи на условите за спорт и рекреација што општина Илинден континуирано ги создаваше низ годините има многу, што е вистинска сатисфакција и гордост на локалната самоуправа.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...