МОН: Продолжуваме да ги поддржува талентираните ученици

МинистерстваМОН: Продолжуваме да ги поддржува талентираните ученици
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Министерството за образование и наука ќе му додели две парични награди на ученикот Дамјан Давков од Штип по основ на освоени високи места на меѓународни математички натпревари, односно за освоениот сребрен медал на Јуниорска балканска математичка олимпијада и за освоениот бронзен медал на Балканската математичка олимпијада. Двата натпревари се одржани во 2020 година.

 

Откако на јавниот повик на МОН за доделување на парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот, пристигнаа две барања од страна на младиот талентиран математичар кој е актуелен со своите постигнувања на домашни и меѓународни натпревари по математика, Комисијата задолжена за разгледување на апликациите, оцени дека истите се во согласност со наведените критериуми и услови за остварување на ова право.

 

Упатуваме честитки до ученикот, неговото семејство и до наставниците и менторите кои го подготвуваа за натпреварите, за постигнатите високи резултати и посакуваме во иднина уште повеќе и уште поголеми успеси. Младите како Дамјан Давков се најдобриот репрезент на државата на меѓународно ниво и потврда дека имаме висок човечки потенцијал кој ќе обезбеди подобра иднина за општеството.

 

Министерството за образование и наука ќе продолжи да ги поддржува талентираните ученици и во иднина, вреднувајќи го нивниот труд и постигнати резултати и стимулирајќи го развојот на нивниот капацитет, преку доделување на стипендии за талентирани средношколци, доделување на парични награди за освоени први места на државни натпревари и високи постигнувања на меѓународни натпревари и олимпијади.

 

За потсетување, за учениците кои имаат големи афинитети кон областа на математиката, физиката и информатиката од учебната 2020-2021 година отворено е специјализирано училиште Математичко – информатичка гимназија каде тие имаат можност да го надградуваат својот талент преку посебни програми и предавања од врвен наставен кадар.

 

Исто така, во последниот период учениците почесто се вклучуваат и во програмите на Фондот за иновации, како и програми креирани во соработка со меѓународни партнери и организации како што е UPSHIFT програмата создадена во соработка со УНИЦЕФ, каде се поддржува нивната креативност и се стимулира заложбата за напредок.

 

МОН се заложува и понатаму да креира нови и да ги унапредува постојните политики за поддршка на талентираните ученици, со цел овозможување на целосно остварување на нивниот потенцијал и секако стимулација за вложување на сопствените знаења и способности во развојот на Република Северна Македонија. Младите се дел од целиот тој процес преку група формираната на иницијатива на министерката Царовска МОН-млади преку која даваат свој придонес во дефинирањето на новите мерки, активности, проекти и слично.

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img