spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Предложи Изведувач за Карпошовото Културно Лето 2021

Карпош: Предложи Изведувач за Карпошовото Културно Лето 2021

Преку мобилната апликација „мЗаедница“ и веб страната www.mzaednica.mk, граѓаните на општина Карпош можат да даваат свои предлози за учесници на традиционалниот настан „Културно лето Карпош 2021“.

 

 

 

Манифестацијата ќе се одржи кон крајот на летото, каде и оваа година фокусот ќе биде насочен кон домашните артисти и уметници.

 

 

 

Веќе трета година, локалната самоуправа ја поддржува македонската културна сцена, истовремено нудејќи содржини за сите генерации. Програмата започнува со дел за деца и млади, а продолжува со забавна музика на наши пејач(к)и и групи.

 

 

 

Иницијативата за доставување на предлози ќе биде отворена до 14.07.2021 година (среда). Апликацијата „мЗаедница“ можете да ја преземете бесплатно преку App Storе

 

( https://apple.co/2SbERqJ ) и Google Play ( https://goo.gl/Y9qhpE ).

 

 

 

Општина Карпош континуирано го зголемува граѓанското учество при креирање на сите проекти, за да создаде заедница која одговара на потребите на сите граѓани.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...