spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Нова Занимална во „Мајски цвет“ Тафталиџе 1

Карпош: Нова Занимална во „Мајски цвет“ Тафталиџе 1

Направена е нова занимална за најмалите – јаслена група, во рамки на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Во оваа просторија, на почетокот на септември ќе бидат згрижени нови дечиња, кои имаат изразено интерес да ја посетуваат оваа предучилишна установа.

 

Занималната е опремена со нови шкафови и креветчиња, како и дидактички мтеријали и играчки кои овозможуваат правилен развој на децата.

Исто така, во овие моменти, во оваа градинка се работи и на отворање на уште една занимална.

 

Претходно, општина Карпош и управата на градинката „Мајски цвет“ вложија во реконструкција на овој објект во Тафталиџе 1. Целосно се реконструирани тоалетите, поставени се нови прозори и врати, а заменета е и кровната површина, како и фасадата која сега е енергетски – ефикасна.

 

Во текот на пандемијата, детските градинки беа и  се уште се меѓу најпогодените установи  во однос на редукцирање на просторот за прием. Капацитетите за згрижување сè уште се во намален број, како резултат на протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести, а наспроти тоа интересот за посета на градинките е зголемен.

 

Општина Карпош ги информира сите родители дека се прават сериозни напори во градинките да се отворат повеќе групи, да се зголеми воспитниот кадар, а притоа, најмладите да бидат заштитени и безбедни.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...