Карпош: Реконструкција на повеќе игралишта

ОпштиниКарпош: Реконструкција на повеќе игралишта
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Целосно е реконструирано детското игралиште во урбаната заедница „Владо Тасевски“, спроти хотел „Карпош“. Старите и дотраени реквизити беа заменети со нови лулашки, тобогани и клацкалки.

Исто така, службите на локалната самоуправа направија обнова и на детското игралиште во Карпош 4, кое е лоцирано меѓу зградите, а во должина на булеварот „Партизански одреди“ (спроти слаткарницата „Палма“).

За обнова на овие две игралишта, Општината инвестираше околу 420.000 денари.

Во овие моменти, службите за одржување на урбаната опрема работат и на санација на детските зони во Влае 1 (на ул. „Франце Прешерн“), во Нерези (на ул. „Козле“ 8), а ќе продолжат со работа и во Карпош 3, со обнова на игралиштето на улицата „Пелистерска“.

Сите овие јавни простори простори овозможуваат повеќе место за рекреација на граѓаните и враќање на маалските дружби во населбите.

Ги известуваме сите граѓани на одговорно користење на реквизитите и јавните добра по населбите. Истите се поставуваат и одржуваат од буџетските средства на Карпош – пари на сите граѓани и оттука одговорноста е кај сите нас.

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img