spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Во тек е одржување и обновување на краци и улици

Аеродром: Во тек е одржување и обновување на краци и улици

Деновиве се врши одржување и обновување на поголем број краци и улици на ниво на целата територија на Општина Аеродром.

Во тек се градежни активности на:

–        Пристапнатата улица кон паркинзите на зградите 5,9,11 и 51 на бул. „Видое Смилевски – Бато“ во населбата Ново Лисиче;

–       На крак на улицата „Пандил Шишков“ во населбата Стар Аеродром;

–       На крак на улицата „23 Октомври“ во населбата Острово, како и

–       На крак на улицата „Лисец“ во Горно Лисиче;

„Општина Аеродром останува фокусирана на подобрување на патната инфраструктура, со цел поголема безбедност на пешаците и на сите учесници во сообраќајот“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Одржувањето и обновувањето на улиците и краците под надлежност на Општина Аеродром продолжуваат и во наредниот период во различни делови од општината, според однапред предвидената динамика.

12.7.2021

Општина Аеродром

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...