Скопје: Делегација на градот Скопје во официјална посета на Подгорица

ОпштиниСкопје: Делегација на градот Скопје во официјална посета на Подгорица
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Делегација од Градот Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов е во дводневна посета на Подгорица, по повод 13 Јули – Денот на државноста на Црна Гора. Шилегов оствари средба со градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, како и со заменик-градоначалникот на Сараево, Харис Башиќ на која беше заклучено дека земјите од регионот треба да шират пораки на заедништво, а локалните самоуправи да бидат целосно посветени на граѓанските вредности со што ќе дадат придонес за развој и на градовите и на регионите.

Градоначалникот Шилегов на средбата истакна дека исклучително ги цени добрите односи меѓу двата града и нагласи дека таа успешна соработка ќе продолжи и во иднина.

По повод одбележувањето на Денот на државноста на Црна Гора, градоначалникот Шилегов вчера положи цвеќиња на споменикот „На партизанот борец“, а присуствуваше и на отворањето на изложбата „Меѓу фашизмот и антифашизмот: во 11 чина“, уметничка поставка на најпознатите сликари од Босна и Херцеговина и подарок на градот Подгорица од Градот Сараево. Изложбата „Меѓу фашизмот и антифашизмот: во 11 чина“ е поставена во познатата Куслевова куќа и ќе биде отворена до 13 август.

Градоначалникот Петре Шилегов присуствуваше и на приемот што на 12 јули го организираше претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Цетиње, по повод Денот на државноста.

Извор: Град Скопје

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img