spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Реконструкција на улицата „Козара“

Центар: Реконструкција на улицата „Козара“

По барање на жителите, Општина Центар целосно ќе реконструира 3.900 квадратни метри површина на улицата, при што ќе се овозможат нови инфраструктурни услови за безбедност во сообраќајот.

„Ме радува фактот дека почнуваме нова инвестиција од 13.500,000,00 денари и јавно потврдуваме дека Општина Центар е финансиски стабилна општина и самостојно спроведува проекти со општинскиот буџет. Реконструкцијата на ‘Козара’ е дел од големата летна градежна офанзива што ја најавивме годинава и како што е планирано, до крајот на летото треба да бидат реконструирани 37 улици на територијата на Центар“, изјави Богдановиќ.

Општина Центар интензивно работи на третата и на четвртата фаза од реконструкцијата на „Орце Николов“ во Дебар Маало, на улицата „Светиниколска“ во Маџир Маало и на улиците „164“, „166“ и „Хусеин Бајрам“ во Крњево. Потпишани се барањата за реконструкција на седум улици и во наредниот период ќе почнат теренските активности на улиците: „Петар Поп Арсов“, „Рајко Жинзифов“, „Дебарца“, „Партизанска“, „Ристо Шишков“, „Црвена Вода“, „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Во тек се и постапките за реконструкција на „Народен фронт“, „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, која ќе биде пренаменета во пешачка и резидентна зона.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...