spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Асфалтирање на улиците „Смилевски конгрес“ и „Младински бригади“

Битола: Асфалтирање на улиците „Смилевски конгрес“ и „Младински бригади“

Во тек е  финалната фаза од реконструкцијата на улиците „Смилевски конгрес“ и „Младински бригади“, со што се затвора потегот од делот на ул. „Партизанска“ до ул.„Довлеџик“. За прв пат во градот на овој потег, се врши асфалтирање со асфалт кој содржи современи сврзни елементи, кои гарантираат долгогодишна истрајност на коловозот.

Градоначалничката на Општина Битола Наташаа Петровска, заедно со тимот задолжен за реализација на проектот, изврши увид во асфалтирањето на овие улици и беше запозната со динамиката на работа и техниката на изведба.

Паралелно со оваа градежна активност, се работи на повеќе локации во градот на рехабилитација и реконструкција на улици.

Прочитајте