spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Зајакнување на социјалната вклученост и промовирање на вработливоста на младите...

Крива Паланка: Зајакнување на социјалната вклученост и промовирање на вработливоста на младите преку спорт и развој

Денес градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски потпиша трипартитен Меморандум за разбирање со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ од Скопје.

Склучувањето на Меморандумот за разбирање претставува одлична рамка за соработка во областите од заеднички интерес за сите три страни и за инплементација на проектот „Зајакнување на социјалната вклученост и промовирање на вработливоста на младите во Крива Паланка преку спорт за развој“.

Се очекува преку Меморандумот да се унапреди и зајакне досегашната плодна соработката меѓу страните потписнички за да се постигне социјалната вклученост и да се промовираат вештини за вработувањето на младите преку спортот, а се во насока да се обезбеди подобра иднина на младите.

Планиранте цели наведени во Меморандумот ќе се  реализираат  преку зајанување на меѓусекторското вмрежување  и соработка на локално ниво со размена и учење и со примена на најдобри практики на национално и регионално ниво, со градење на капацитетите на спортскиот персонал со фокус на социјална инклузија и вештини за вработување, понатаму преку обезбедување на советодавни услуги за развој на политики, наставни програми и материјали за обука, а во врска со спортот за развој, и конечно, создавање на инклузивна средина за учење за правилен психо-физичи и социјален развој.

Со овој Меморандум за разбирање меѓу Општина Крива Паланка и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и Здружение за унапредување на меѓусебна доверба-ТАКТ воедно се обезбедува континуитет на досегашните активности на програмата „Спорот за развој” преку која се развија повеќе спортски јадра за младите во општината.

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...