spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниО.Илинден: Подобрување на локалната патна инфраструктура

О.Илинден: Подобрување на локалната патна инфраструктура

Со цел обезбедување подобри услови за живеење и стопанисување, континуирано се работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, која на територија на општината се протега во должина од над 310 километри.

Во рамки на проектот Подобрување на патната инфраструктура, изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на општински патишта и улици извршено е асфалтирање на 14 локални улици во должина од околу 2000 метри.

Во населеното место Илинден извршено е асфалтирање на улица 19 во должина од 560 метри, која ги спојува улиците 15,13,11 и локалитетот Ограѓа, асфалтирани се краците на улица 9 во должина од 630 метри, како и краците на улица 8 во должина од 320 метри, во Бучинци извршено е асфалтирање на улица 4 во должина од 470 метри.

Овие улици се асфалтирани, бидејќи претходно беше изведена или веќе имаше поставено фекална канализација, која ќе се поврзе со колекторскиот систем за зафаќање и одведување на отапдни фекални води или пречисителна станица.

Дополнително дел од овие улици, беа оштетени од изградбата на гасификацискиот систем, со кој се овозможи користење на гасот како енергетски ресурс во локалните економски зони во општина Илинден.

Во рамки на своите можности, локалната самоуправа континуирано ќе продолжи со реализација на Проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на општински патишта и улици и подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони, со што ce придонесува за одржлив локален економски развој и овозможување квалитетен живот и животен стандард за граѓаните во општина Илинден.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...