spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Отворена полициска канцеларија за превенција

Илинден: Отворена полициска канцеларија за превенција

Во насока на зајакнување на партнерскиот однос со граѓаните и излегување во пресрет на нивните потреби од безбедносен карактер, во oпштина Илинден е отворена Полициска канцеларија за превенција. Канцеларијата ја отворија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

За време на отворањето на канцеларијата министерот Спасовски истакна дека отворањето на полициската канцеларија за превенција е остварување на стратешката цел, да се биде блиску до граѓаните.

-Имајќи предвид дека општина Илинден е една од брзорастечките општини, која што има значителен економски раст и развој, која што од ден на ден расте и со бројот на жители, иницијативата која што ја даде градоначалникот, за нас беше доволна за да пристапиме кон реализација на целиот овој проект, и на тој начин да има можност секој граѓанин на општина Илинден, за било каква потреба да ја контактира оваа полициска канцеларија и полициските службеници, рече министерот Спасовски.

Тој изрази голема благодарност до општина Илинден за просторот кој е доделен за да функционира оваа полициска канцеларија, оценувајќи ја безбедносната состојба во Општината како мирна, стабила и без нарушување на јавниот ред и мир.

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски изрази голема благодарност до министерот за внатрешни работи, директорот за јавна безбедност, началници на полициски одделенија, полициски службеници за отворање на полициската канцеларија во општина Илинден, што директно, како што рече, ќе придонесе во интензивирањето на соработката меѓу граѓаните, полицијата и локалната самоуправа.

-Локалниот економски развој на општина Илинден во сите сфери во последниве години, кој придонесе да се зголеми бројот на граѓаните и бизнис секторот, директно ја посочи потребата за отворањето на полициската канцеларија, којшто ќе овозможи подобрување на општата безбедност во општина Илинден, како и поддршка на развојот на локалната самоуправа во делот на безбедноста, истакна градоначалникот Жика Стојановски за време на отворањето на канцеларијата..

За таа цел Општината обезбеди просторни услови, со климатизирани и опремени канцеларии со телефон, интернет, компјутери и мебел, за нормално функционирање на полициската канцеларија.

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...