spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМНР: Реакција по повод појавени несоодветни изборни спотови во Република Бугарија

МНР: Реакција по повод појавени несоодветни изборни спотови во Република Бугарија

Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме.

 Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија.

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте